Search
Close this search box.

Андон Сарамандов

Андон Сарамандов

Андон Сарамандов e роден на 30 ноември, 1981 година, во Гевгелија. Основно образование завршил во ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, а средно (Гимназија, Природно-математичка насока) завршил во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Дипломирал на Факултет за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје. До стапување на функцијата, работеше во Државниот инспекторат за земјоделство. Во 2017 година е избран за член на Советот на Општина Гевгелија, од листата на ВМРО-ДПМНЕ. На Локалните избори во 2021 година е избран за Градоначалник на општина Гевгелија, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Како млад човек активно учествувал и се ангажира во општествено-политичкиот живот во општина Гевгелија. Активно се занимава со спорт, во раната младост бил член на КК „Кожув“, а една деценија и организатор на турнирот во кошарка „Гевдион“. Учествува во повеќе хуманитарни акции, додека во периодот 2007-2011, по повод христијанскиот празник Бадник ја организира хуманитарната акција за социјално-загрозените семејства во општина Гевгелија. Посебно се ангажира во креирањето на локалните политики за младите, во периодот 2004 -2008 работи на промоција на млади артисти, залагајќи се за Гевгелија како урбана средина. Во Гевгелија важи за комуникативен човек, израснат во чаршијата и голем вљубеник во спортот. Андон Сарамандов е оженет и е татко на две деца.
  • Ја претставува и застапува Општината;
  • Ја контролира законитоста на прописите на советот;
  • Ги објавува прописите на советот во службено гласило;
  • Го обезбедува извршувањето на работите на одлуките на советот;
  • Го обезбедува извршувањето на работите кои со закон се делегирани на општината;
  • Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
  • Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
  • Го извршува буџетот на општината;
  • Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
  • Редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот;
  • Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
  • Донесува правилник за систематизација на работни места во општинска администрација;
  • Раководи со општинска администрација;
  • Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
  • Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статут;
  • Врши други работи утврдени со закон и со статут;
  • Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
Оценете го нашиот труд и работа
Scroll to Top